| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Гејтс: 30 милиони луѓе ќе умрат за шест месеци

Ново предупредување пристигнува од основачот на Мајкрософт – смртоносна болест ќе однесе животи на десетина милиони луѓе за само неколку месеци.

Мултимилионерот тврди дека државите во светот треба да се подготват за пандемијата која следува, исто како што би се подготвувале за војна.

Гејтс вели дека смртоносната епидемија ќе ја погоди нашата планета следната деценија.

Страшното предупредување Бил Гејтс го изрекол на научен собир во Масачусетс во петокот, а за него говорел и порано, но не со толкава сигурност.

Иако вели дека е оптимист по природа, за овој случај истакнува дека може да биде само песимист.

Во прилот на својата теза Гејтс вели дека наскоро, а во врска со оваа опасност, ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

И американскиот Конгрес очигледно смета дека тука има нешто, бидејќи одобри дополнителни средства за Националниот центар за контрола и превенција за болести.

Се смета дека САД ќе ја предводи светската акција чија цел е подготовка за избивањето на пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top