| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена, мајката демон, ги задавила, па ги запалила своите деца бидејќи „не можела да ги издржува”

Мајката, своите деца, кои имале две и четири години, ги убила, а потоа и запалила, бидејќи повеќе не можела да ги издржува.

27-годишната Јелена Каримова, самохрана мајка од Новогород во Русија, е обвинета дека ги убила и запалила своите деца, а потоа ги оставила нивните тела во напуштено складиште.

Според изјавите кои ги дала во полиција, Јелена својата 4-годишна ќерка Хади и 2-годишниот син Сулејман ги ставила во седиште од изнајмен автомобил и ги одвела во Нижњи Новогород. Таму ја сопрела колата и ги задавила децата, едното па другото.

После, Каримова отишла до бензинска станица и купила гориво. Телата на децата ги одвела во шумата во близина на автопатот и таму ги запалила.

На Каримова и паднало на памет дека остатоците од телата може да ги најдат локални ловци, па ги земала телата, ги ставила во автомобил, и ги вратила дома.

Следниот ден, телата на Сулејман и Хади го ставила во автомобил и ги одвела во напуштено складиште, кое некогаш возачи на камиони го користат како импровизиран тоалет. Повторно ги запалила телата на деца и заминала дома.

Бидејќи пламенот почнал да се шири, набрзо целото складиште горело и пожарникарите се појавиле на самото место.

Евгениј Катјушев, жител на селото во близина, им притрчал на пожарникарите на помош и заедно со нив ги пронашол трагите од злосторството.

“Пожарникарот прво мислеше дека изгорените коски му припаѓаат на куче. Но, кога пријде поблиску, сфати дека станува збор за две деца. Кога прокоментира дека положбата на телата е необична, се прошири гласина дека тие деца се таму донесени во куфер. Телата беа толку оштетени, што беше невозможно да се одреди полот на децата”, рекол Катјушев, пренесува “RT”.

Полицијата веднаш отворила истрага и неколку часа подоцна Каримова била уапсена. Во саботата била осудена на два месеци притвор, а потоа ќе мине низ психијатриска проверка.

Веста ги шокирала нејзините пријатели и роднини, кои не веруваат дека младата жена е способна за нешто такво. На социјалните мрежи таа редовно објавувала постови со своите деца, а на видео на кое позирала со својата ќерка пред 10-тина дена, напишала “ти си моја душа, моја најмила мала личност, личност поради која стојам на нозе, поради која живеам”.

Во меѓувреме било откриено дека Каримова често била во финансиски проблеми, поради своето трошење. Жената која се занимавала со препродажба на козметика и шминка, само на месечно изнајмување на автомобили трошела околу 40.000 рубљи, а неодамна и се прошетала во странство. Во банка имала големи долгови, а го тужела таткото на своите деца за алиментација. Тој во меѓувреме се преженил.

Во изјавата која ја дала во полицијата, Јелена изјавила дека “била натерана да ги убие своите деца, бидејќи не можела да ги издржува”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top