Ставовите и поддршката за Македонија од претседателот на Европскиот совет, но и употребата на македонскиот јазик од страна на Доналд Туск, се темите во прашањата што европратеничката од грчката опозициска Нова демократија, ги упатува до претседателот на Европската комисија по средбата во Скопје на Доналд Туск и Зоран Заев.
Мариа Спираки, која воедно е и портпарол на Нова Демократија, во писмениот допис, поставувајќи ги прашањата до претседателот на ЕК, ги зема предвид изјавите на министерот за надворешни работи на Македонија дека „еден од столбовите во преговорите со Грција е прифаќањето од страна на Грција дека јазикот што го говорат во соседната земја е т.н. македонски јазик“. Оттука, како што јави дописничката на МИА од Атина, европратеничката од Нова демократија го прашува претседателот на Комисијата:
– Дали смета дека изјавите се израз на солидарност на Советот кон држава членка на ЕУ која што е во преговори со земја кандидат за членка? Дали смета дека конкретниот став позитивно придонесува во преговарачкиот процес? Безусловната поддршка кон ПЈРМ, како што кажа, важи и во случај да нема решение на проблемот со Грција? Кои се фактите што му даваат за право да го предвиди признавањето на јазикот на ПЈРМ, од страна на Грција во рамките на континуираните преговори?, се прашањата што европратеничката од Нова демократија ги упати до Европската комисија, пренесе МИА.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст