| четврток, 6 декември 2018 |

Колинда ја објави најинтимната фотографија досега

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, вчера го прославува педесеттиот роденден, па ја искористила оваа пригода за на официјалната страница на Фејсбук да објави фотографија со родителите, Бранко и Дубравка Грабар.

„Ти благодарам, мамо! Ти благодарам, тато“, напишала хрватската претседателка под фотографијата.

За час и половина успеала да собере 8 500 лајкови, но и бројни честитки и убави желби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top