| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на Фејсбук влегува во политика- ќе собира пари за републиканците

Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг влегува во политика. Цукерберг следниот месец ќе организира донаторска вечера за Крис Кристи, републиканскиот гувернер на Њу Џерски и потенцијален претседателски кандидат за изборите во 2016 година.

Вечерата ќе биде организирана на 13 февруари во куќата на Цукерберг во Калифорнија, а секој што сака да учествува ќе треба да плати 3,800 долари.

Цукерберг до сега јавно не дал поддршка ниту на демократите ниту на републиканците, освен што во два наврата имал средби со претседателот Барак Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top