| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските лекари ќе учат акупунктура

akupunktura

Македонски лекари до крајот на годинава или во текот на следната ќе заминат на обуки за традиционална кинеска медицина во Пекинг. За тоа е постигната начелна согласност на денешната средба на премиерот Никола Груевски со претставници на Кинеската централна болница „Гуанганмен“.
– Раководните лица се согласија да примат луѓе на тренинг. Во зависност од она за што ќе специјализираат лекарите, тренинзите ќе траат помеѓу еден и три месеци – изјави Груевски по посетата на болницата „Гуангамен“.
Македонските лекари, оцени тој, ќе специјализираат доста интересна област. Договорени се повеќе детали за обуката, во зависност од тоа за кои области ќе има потреба да бидат испратени на специјализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top