Европскиот првак Вардар е фаворит на дуелот со Кил, но „црвено-црните” се свесни дека тоа мора да се докаже и на теренот. А против германските екипи треба секогаш да се игра добро, до крај на мечот, без опуштање и со максимално залагање.
Салата во СЦ „Јане Сандански” одамна е распродадена, навивачите се желни за нови победи, за нова клупска и македонска веселба. Притисокот е присутен, но екипата е подготвена за овој предизвик, за она што ги очекува и за она што го сака публиката.
-Ова ни е последен меч од Лигата на шампионите сезонава во Скопје. Имаме еден гол разлика од првиот натпревар и сметам дека овој резултат е добар. Сега играме дома и пред нашите навивачи. Сепак, не се опуштаме свесни сме дека Кил има квалитет. Има одлични ракометари кои ќе знаат да се снајдат и во Скопје. На првиот меч играа добро 3-2-1 одбрана, а за нас беше тешко да нападнеме против оваа одбрана. Моите ракометари се подготвени и сакаме уште еднаш да играме во Келн. Сите сметаат дека во Скопје ќе немаме проблем. Сите очекуваат од нас да победиме. Ќе играме под притисок, а свесни сме дека ќе биде тешко бидејќи имаме одличен противник за ривал, вели Раул Гонзалес тренерот на „црвено-црните”.
На првиот натпревар во Кил нашиот тим имаше предност во некои моменти и од неколку голови, во самата завршница потоа се сменија улогите. Вардар е навикнат да игра вакви тешки и неизвесни натпревари и знаеше да ги искористи сите шанси. Така и Хорхе Македа во последните секунди ја погоди празната мрежа на противникот.
Кил играше одбрана со која се отвори повеќе простор за проигрување на пивотмените, а тоа одлично го искористија Стојанче Стоилов и Рожерио Мораеш.
-Кил е еден од најдобрите клубови во историјата на ракометот, и имаме респект кон нив. Победивме во Кил, но треба да го заборавиме овој дуел и да почнеме од почеток и на реваншот. На реваншот мораме да тргнеме како да е 0-0 и да се мотивираме бидејќи фајналфорот во Келн е нашата единствена опција.
Поради важноста на натпреварот и големиот интерес ќе има засилени мерки на безбедност.
Клубот упати известување за сите што ќе бидат присутни на мечот како да се однесуваат.
Пред главниот влез на салата ќе има поставено и видео бим, забава, музика со ди-џеј се до почетокот на средбата.
Вратите од салата во СЦ „Јане Сандански” ќе бидат отворени во периодот од 15,30 часот, па се до 16,45 часот.
Натпреварот Вардар – Кил е закажан за 17 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст