Две лица се повредени вчера при експлозија на машина во фабриката „Виталија“ во скопската населба Ќерамидница. Други две лица е преживеале само стрес.
Полицијата соопшти дека вчера во 10.20 часот настанот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје со објаснување дека во погон на фирмата „Виталија“, експлодирала печка на гас, при што имало повредени лица кои работеле во погонот.
Тешки телесни повреди се констатирани кај М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од Агино Село, Кумановско. Кај Н.Н.(42) и В.С.(54) не биле констатирани повреди, туку само бил предизвикан стрес.
Повредите се констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Државен инспектор за труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст