| четврток, 6 декември 2018 |

„Бош“ најде решение, дизелот преживеа!

Германскиот гигант Бош, кој има 402.000 работници, воведе револуционерен систем за пречистување на гасот за дизел-моторите, што ќе им овозможи дизел машините во автомобилите да ја намалат емисиијата на штетниот NOx до 10 пати помалку од границата поставена како рок до 2020 година.

Оваа вест доаѓа како спас за германската автомобилска индустрија чии автомобили во голем дел се движат токму на дизел погон. Од Фолксваген до Мерцедес, цела деценија бараат решение за измени во работата на дизел моторите и намалување на загадувањето, но освен хибридните мотори друго решение до сега не било ставено во функција.


Само во САД Фолксваген мораше да плати околу 30 милијарди долари за казни по откривање на аферата Дизелгејт, при што се дозна дека од Фолксваген давале лажни податоци за степенот на загадување на нивните дизел мотори.

Сега, се изгледа поинаку. Животот на дизелашите, по успехот на експертите од Бош, е продолжен на неопределено време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top