По реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, но и по упатствата од АМСМ, дека нема доволно сообраќајни знаци на делницата Демир Капија – Смоквица на автопатот „Пријателство“ директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, оној кој лепеше пари на музиката додека вработените во „Актор“ играа чочек, вели дека не е точно дека за користење на автопатот е потребно упатство.
Според него знаци има доволно и возачите за да стигнат до граничниот премин Богородица треба само да ги следат зелените табли на кои пишува Скопје-Атина.
-За да не излезат од автопатот доволно е да ги следат зелените табли на кои пишува Скопје-Атина. Секој возач, кој има положено и има возачка, знае дека на автопат се следат знаците со зелена боја, а жолтите се за регионални патишта, вели Китанов за СДК.мк.
Вчера и денес социјалните мрежи се преплавени од коментари дека сообраќајни знаци нема доволно и дека упатството од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) за користење на делницата Демир Капија – Смоквица во правец од Скопје кон Гевгелија, со кое им се препорачува на возачите да се исклучат за Скопје на клучката пред Демир Капија, а потоа да се спуштат под надвозникот и продолжат право кон Гевгелија, на терен е неприменливо, а поставените знаци се збунувачки. Во дел од коментарите стои дека недоволниот број сообраќајни знаци особено ќе ги погоди странците што минуваат низ нашата земја, бидејќи ним не им е позната делницата.
-Тоа не е точно. Од она што го гледаме на терен странците немаат проблем со движење на новиот автопат. Тие ја почитуваат и пропишаната брзина за движење, особено во тунел, што пак не е случај со домашните возачи, вели Китанов.
Тој кажа дека го реконструираат и стариот пат Неготино-Демир капија во двата правца, и дека досега се обновени 6,5 километри во правец од Неготино кон Демир Капија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст