| четврток, 6 декември 2018 |

Какво лето нѐ очекува според метеорологот Славчо Попоски

Метеорологот Славчо Попоски дава детали за тоа какво ќе биде летото 2018.
Вели дека ова лето ќе биде доста потопло од претходните. Оние кои веќе ги планираат одморите треба да знаат дека се очекува долго и топло лето.

– Претстојното лето во нашата држава, но и во регионот треба да биде потопло од вообичаеното, а исто така според последните анализи би требало да имаме поголем број на топлотни бранови додека температурите на воздухот треба да се искачуваат до и околу 40, а не се исклучува можноста дури и да го надминат 40-тиот степен. Вакви температури на воздухот треба да очекуваме во периодот јуни, јули и август. Што се однесува пак до врнежите тие треба да бидат во границите на повеќе годишниот просек што значи просечно количество на врнежи за едно лето. Секако и покрај ова не треба да ја исклучиме можноста и за повремени освежувања и влажни воздушни бранови кои би условиле посвежо и врнежливо време. Сепак во глобала пред нас е едно подолго и потопло лето – вели Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top