Одлуката на Доналд Туск изјавата на прес-конференцијата со Зоран Заев да ја даде на македонски јазик, не остана незабележана од грчките медиуми. Дел од новинарите во Грција, акцентот во нивните текстови го ставија токму на македонскиот јазик на претседателот на Европскиот совет.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во текстовите во грчките медиум, зборот македонски е во наводници или пак го користат терминот „славомакедонски јазик“.
– На „македонски“ јазик говореше претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за време на изјавите со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев во Скопје, како што соопшти самата ЕУ. Постапката на Туск доаѓа во момент кога јазикот и идентитетот на граѓаните на ПЈРМ се дел од „трновите“ што ги измачува преговорите меѓу Атина и Скопје за скопското прашање. ЕУ официјално ја признава соседната земја под името поранешна југословенска Република Македонија, објави грчката телевизија Скај.
Tуск во грчки медиуми- Господинот Туск, од негова стана, одбра да даде изјава, користејќи го славомакедонскиот јазик, главниот идиом што се зборува во ПЈРМ, за време на заедничката прес конференција со господинот Заев, пишува „Катимерини“.
Грчките медиуми во продолжение ги пренесуваат ставовите на Туск, но и на премиерот Заев во однос на европската перспектива на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст