| четврток, 6 декември 2018 |

Многу дилеми додека МВР и ОЈО молчат: Нè демнат ли и денес вооружените групи од Чаир?

Додека биле настаните во Собранието на Република Македонија групи од вооружени Албанци се собирале во Чаир, па дури и групи поранешни борци на УЧК се подготвувале за акција, изјавил заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу во Основното јавно обвинителство во врска со настаните од 27 април. Во тоа време Нухиу ја извршуваше функцијата министер за врантрешни работи.

Oваа изјава сама по себе е опасна од повеќе аспекти, а отвора и повеќе дилеми, кои надлежните треба да им ги разјаснат на граѓаните на Република Македонија.

Ако претпоставиме дека Нухиу ја зборувал вистината пред ОЈО, зошто тој од позиција на министер и заменик-министер за внатрешни работи, не преземал ништо со цел неутрализирање на оваа вооружена формација?

Другото прашање што треба да се одговори е како стигнало оружјето до овие луѓе преку кои канали и кој им го дал? Но најважните прашањa што треба да ги одговори МВР е доколку постои вооружена група и која е спремна во секој момент да реагира зошто се чекало дури 6 месеци да биде споделена пред Јавното обвинителство, а не била веднаш соопштена и дали на овој начин овие групи се под контрола на одредени политички партии?

Она што загрижува е што оваа група не се знае дали е и во овој момент оперативна и е од голема закана за безбедноста на граѓаните!

Ако според Нухиу на 27 април постоела терористичка вооружена група во Чаир, тогаш што прават МВР и ОЈО?!

Појавата на оваа вооружена групација ја загрижи и ВМРО-ДПМНЕ. На вчерашната прес конференција беше кажано дека толерирањето на овој настан е меѓукоалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ

– Непреземањето на мерки за сузбивање и неутрализирање покажува дека власта не ја интересира безбедноста на државата и заканите по уставниот поредок. За сметка на зачувување на власта и меѓукоалициските договори од страна на СДСМ и ДУИ се толерираат вооружени банди и нивните посредници кои се во директен контакт со функционерите што само ги пренесуваат заканите наместо да постапуваат по нив рече, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

MВР предводено од Оливер Спасовски по она што беше презентирано во јавноста апсолутно ништо не превзема оваа група да биде неутрализирана. До сега од она што е познато не се спомнува никаква истрага, ниту пак се знае со каков тип на оружје се наоружани. Не се знае ниту колку луѓе има од групата и кои се тие.

Ваквото непостапување од страна на МВР не само што им дава сила, туку и праќа порака и ги охрабрува сите групи во иднина дека слободно можат да се вооружаат и да се закануваат по безбедноста на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top