| четврток, 6 декември 2018 |

Кафеана во Аеродром – место на злосторството

Вчера после полноќ, во 01:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ во угостителски објект Д.М.(30) бил физички нападнат од страна на И.Б.(38) и уште две лица.

Во еден момент И.Р.(32) со намера да ги раздвои лицата од оштетениот, бил исто така физички нападнат.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top