| четврток, 6 декември 2018 |

Маж и жена дивееле во Аеродром: Трудница во седмиот месец претепана со палка, боксови и клоци

Во текот на вчерашниот ден во 21:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Комаров“ во барака, Ф.К. (30) заедно со неговата сопруга С.Д. (22) физички ги нападнале М.Е. (32) и неговата сопруга М.Д. (29).

М.Е., неговата сопруга и нивниот син почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка.

Била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде М.Д. која што била во седми месец на бременост, била прегледана од страна на лекар и била задржана. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top