Веруваме дека е направен голем напредок во преговорите и се надеваме дека овој напредок ќе може да се задржи, но времето ќе покаже, вели американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајет, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Пајет говорел на настан во Солун пред дипломираните студенти на американските универзитети, а одговарајќи на прашања од публиката ги споменал и разговорите меѓу Македонија и Грција. Повторил дека САД ги поддржуваат напорите за изнаоѓање решение и од Метју Нимиц, но и од премиерите и министрите за надворешни работи на двете земји.
– Ние силно веруваме дека е во интерес и на двете земји да го решат ова прашање, после толку долго време, а исто така, признаваме дека единствено одржливо решение ќе биде она што ќе го поддржат демократски избраните влади на двете земји, истакнал американскиот амбасадор, според АНА-МПА и додал дека американската страна има голема доверба во духот што во преговорите го даваат Коѕијас и Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст