| четврток, 6 декември 2018 |

Оган проголта 21.500 евра 30.000 швајцарски франци во Србица

Пожар на првиот кат во семејната куќа на четирисет и шестгодишниот М.Л. од кичевското село Србица ја проголта целата заштеда на семеството – 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.

Вчера утрото оштетениот пријавил во кичевската полиција дека избувнал пожар на првиот кат. Екипа на Територијална противпожарна единица Кичево го изгаснала пожаро, а освен без пари, М.Л. останал и без мебел.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top