| четврток, 6 декември 2018 |

Молотов коктел фрлен во домот на драчевец

На улицата „Војвода Ивец“ во Драчево непознат сторител кој управувал возило го запрел истото и откако излегол од него, фрлил сад со запалива течност, соопшти полицијата.

Дворот од куќата е во сопственост на С.Ц. (50), а непознатиот сторител го напуштил местото на настанот.

Била опожарена вратата од гаражата, но С.Ц. успеала веднаш да го изгасне огнот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top