| четврток, 6 декември 2018 |

Најнов успех на научникот Виктор Груев: Создаде камера со која целосно ќе се отстранува карциномот (видео)

Се работи за нова камера која на хирурзите им дава поглед на канцерот како со очи на пеперутка.

Националната фондација за наука во САД  веќе ја селектира работата на Виктор Груев. Следува специјална презентација на најновото откритие  во Американскиот  конгрес и во  Белата куќа. Оваа нова технологија е 1000 пати помала, 1000 пати поевтина и 1000 пати по осетлива од врвните инструменти кои се користат во моментов при операции на карцином.

Истражувачите од  Универзитетот во Илиноис во Урбана-Шампеј и Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис развија хируршка камера инспирирана од окото на морфо пеперутката. Малата камера, поврзана со очила кои ги носат хирурзите  ги гледа инфрацрвените сигнали што ги даваат боите за врзување на туморот, така што хирургот може да го пронајде и отстрани целото канцерозно ткиво.

Камерата беше тестирана кај глувци и кај пациенти со рак на дојка. Студијата беше објавена во списанието Optica.

-Согледувајќи го  начинот на кој природата ги создала визуелните системи на инсектите, можеме да ги решиме сериозните проблеми кои постојат со операцијата на ракот денес и да се осигураме дека нема да има остатоци од рак за време  и по операцијата, рече лидерот на студијата Виктор Груев, професор на Универзитетот во Илиноис специјализиран за  компјутерски инженеринг и на Колеџот за медицина на Carle Illinois ” . Оваа технологија е почувствителна, поточна, многу помала и поевтина од достапните инструменти кои се одобрени од надлежните власти во Америка за откривање на овие сигнали”.

Многу хирурзи се потпираат на видот и на  допирот  за откривање на канцерогени ткива за време на операцијата, рече Груев. Големите болници или центрите за третман на рак, исто така, можат да користат експериментални  инфрацрвени флуоресцентни агенси кои се врзуваат за тумори, така што хирурзите може да ги видат на специјализирани прикази.

Очите на морфо пеперутките  имаат  специифични наноструктури кои им овозможуваат да ги гледаат мултиспектралните слики, вклучувајќи и инфрацрвени зраци. Тимот на Груев го изгради својот фотоапарат со истите видови наноструктури, создавајќи мала камера која истовремено може да регистрира редовни слики во боја и блиски инфрацрвени сигнали, без потреба од затемнување на собата. За да може да му се олесни работата на хирургот, истражувачите ја интегрираа камерата со хируршки очила.

-Хирургот ги става очилата кои ја интегрираат  нашата био-инспирирана камера технологија, и таа ќе ги штити нивните очи и во исто време ќе проектира флуоресцентни информации секогаш кога тие ќе посакаат, рече Груев, кој исто така е поврзан со Бекман институтот за Напредна наука и технологија во Илиноис. -Очилата се исто така неверојатно евтини.  Веруваме дека ќе чинат околу 200 долари, во споредба со 20.000 долари за најевтиниот инструмент одобрен од ФДА”.

Тимот на научникот Виктор Груев  соработуваше со хирурзи на Универзитетот во Вашингтон за да ја тестира камерата кај глувците и кај луѓето. Камерата можеше да најде тумори на рак на дојка кај глувци, користејќи блиска инфрацрвена флуоресцентна боја која се врзува конкретно на типот на рак на дојка на глувците. Бидејќи камерата може да ги собере сигналите под површината на ткивото, хирурзите дури можат да ги лоцираат туморските места преку кожата.

Тие, исто така, ја тестираа камерата за наоѓање на  лимфни јазли кај пациенти со рак на дојка. Лекарите  досега требаше да земат  биопсија или да ги отстранат сите лимфни јазли околу туморот за да видат дали ракот се шири, рече Груев.  Лекарите користат бои за полесно да ги направат лимфните јазли. Во студијата, хирурзите користеа заедничка зелена боја која исто така се случува да емитува инфрацрвен сигнал.

извор: публицитет.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top