Се занимаваме со проблеми од 17 век, а не размислувајќи дека децата ќе ни се родат во 22 век. Политичките елити мора да се фокусираат на иднината наместо на минатото, бидејќи тоа е од интерес на младите, рече меѓу другото претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на денешната прес-конференција повод Процесот Брдо-Бриони.
Оценувајќи дека врвните стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во ЕУ, Иванов оцени дека долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со земјава, не поради принципите и критериумите на ЕУ, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка.
– Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција, изјави Иванов.
Додаде дека по самата своја природа, проширувањето е политичко, а не само техничко прашање.
– Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони, изјави Иванов.
Истакнувајќи дека најважното нешто што ги поврзува земјите од регионот е желбата за членство во ЕУ, Иванов рече дека очекува Унијата да не ни дава празни ветувања,бидејќи „членството во Унијата за нас не е празен идеал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани