| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовен крах наместо брак – и покрај најавената свадба, убавата Асли ќе остана сама

По три години врска и најавената дека ќе се мажи, пејачот Мурат Боз (38) ја остави симпатичната Асли со објаснување дека бракот не е за него, избега во Мајами и го промени бројот на телефонот.

Како што пренесуваат турските медиуми главната актерка на популарната серија „Инстанбулска невеста“ е потполно скршена и очајна, а веста дека нема ништо од нивниот брак кој требаше да се случи ова лето можеше да се насети и од неодамнешната изјава на Мурат:

„Асли ми е драга, но повеќе не сме пар. Постојат доста причини поради кои не можеме да бидеме заедно“ – изјави тој непосредно пред неговиот последен концерт. Тоа само ги поткрепи приказните кои одеа во таа насока дека познатиот пејач не е подготвен да основа семејство и дека тоа е главната причина за распадот на нивната љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top