| четврток, 6 декември 2018 |

Со солзи во очите, Иниеста соопшти дека годинава заминува од Барселона

Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста на емотивна прес конференција, денеска соопшти дека го напушта клубот по крајот на сезоната. Тој во младинскиот погон на „каталонците“ пристигна во 1996 година од Албасете и по цели 22 години го напушта клубот.

– Ова е мојата последна сезона тука. Долго размислував за оваа одлука. За мене Барса е најдобриот клуб во светот, овој клуб ми даде се, изјави Иниеста на прес конференцијата.

– Би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи и сите кои ме придружуваа секој ден, тие ме направија подобар. Тоа беше остварување на сонот, многу титули, важни моменти во кариерата. Многу сум среќен што играв за овој клуб. Горд сум.

Иниеста, кој наскоро ќе наполни 34 години, најави дека по крајот на сезоната ќе соопшти каде ќе ја продолжи кариерата, но тоа сигурно нема да биде во Европа бидејќи не сака да игра против Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top