| четврток, 6 декември 2018 |

Злато, телевизори, накит и автомобил: Тројца стружани два месеци пустошеле низ Охрид

СВР Охрид поднесе кривични пријави против тројца стружани, извршители на повеќе провални кражби.
Лицата П.С (27), С.О. (27) и И.П. (22) сите од Струга, во текот на март и април годинава со користење на алат и физичка сила насилно провалиле во седум куќи во Охрид од каде противправно одземале пари, златен и сребрен накит, рачни часовници, ЛЦД телевизори, лап- топ, таблет, облека и електрични апарати.

При провалувањето во една од куќите пријавените пронашле клуч од патничко моторно возило што било паркирано пред куќата кое го стартирале и противправно го одзеле.

Пријавените исто така во март годинава провалиле и во два маркети во Охрид, одземајќи пари од касите. Од извршените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 437 илјади денари.

Против тројцата се поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top