| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес: Сите очекуваат да победиме, ќе играме под притисок и ќе биде тешко

Одличната сезона Вардарци во следните два месеци ќе се обидат да ја крунисаат со трофеи. Првиот веќе е во нивните витрини, оној од СЕХА Газпром лигата, а сега им претстои борбата за нов пласман на Ф4 турнирот во Келн и одбрана на европската круна.

Во недела во Скопје во 17 часот ќе се одигра реваншот против Кил. Првиот чекор кон Келн е направен со победата во гости, 29-28, и сега на момците на Раул Гонзалес им преостануваат уште 60 минути борба со Германците.

Салата во СЦ „Јане Сандански” одамна е распродадена, навивачите се желни за нови победи, за нова клупска и македонска веселба. Притисокот е присутен, но екипата е подготвена за овој предизвик, за она што ги очекува и за она што го сака публиката.

– Ова ни е последен меч од Лигата на шампионите сезонава во Скопје. Имаме еден гол разлика од првиот натпревар и сметам дека овој резултат е добар. Сега играме дома и пред нашите навивачи. Сепак, не се опуштаме свесни сме дека Кил има квалитет. Има одлични ракометари кои ќе знаат да се снајдат и во Скопје. На првиот меч играа добро 3-2-1 одбрана, а за нас беше тешко да нападнеме против оваа одбрана. Моите ракометари се подготвени и сакаме уште еднаш да играме во Келн. Сите сметаат дека во Скопје ќе немаме проблем. Сите очекуваат од нас да победиме. Ќе играме под притисок, а свесни сме дека ќе биде тешко бидејќи имаме одличен противник за ривал, вели тренерот на „црвено-црните”, Раул Гонзалес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top