Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, се токми да му биде заменик на министерот Никола Димитров во Министерството за надворешни работи. Владата го планира Жерновски за ова министерство, а како што објави „Фокус“ планот може да биде официјализиран при пролетното проветрување кое го најави Заев.
Според извори на медиумот одлуката се уште не е донесена, но е извесно дека Жерновски ќе ја добие оваа функција. Нему му беше ветено место во Владата откако на локалните избри се откажа да се кандидира за втор мандат во Општина Центар.
Заменичкото место во МНР се уште го држи кадар на Зијадин Села од Алијанса за Албанците. Арта Точи не беше разрешена иако Села излезе од владината коалиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст