| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус на лето тргнува по Милинковиќ – Савиќ

Италијанскиот шампион Јувентус нема намера да се откаже од трансферот на Сергеј Милинковиќ – Савиќ, иако Лацио за него ќе бара повеќе од 100 милиони евра.

„Калчомеркато“ објави дека Јувентус по завршувањето на сезоната ќе ги започне преговорите со Лацио. Интерес за српскиот репрезентативец, покрај Јувентус, покажуваат уште и Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Функционерите на „Старата дама“, Бепе Марота и Фабио Паратичи ќе се фокусираат на прегпворите со првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, кој нема намера да го продаде Милинковиќ-Савиќ за помалку од 100 милиони евра.

Доколку клубовите постигнат договор тогаш, Јувентус ќе го собори клупскиот трансфер рекорд што го постави во јули 2016 година кога за Гонзало Игуаин на Наполи му плати 94 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top