| четврток, 6 декември 2018 |

Идеална исхрана за брзо отстранување на целулитот

Сакате да го отстраните целулитот, но не го знаете вистинскиот начин? Почнете од исхраната.

Потрудете се во тоа што го јадете да бидат застапени протеини (риба, немасно месо, млечни производи и житарици), здрави маснотии (авокадо, јаткасти плодови, туна) и сложени јагленохидрати (житарици, интегрален ориз).

Намирниците кои многу влијаат на создавањето целулит се рафинираниот шеќер, газираните пијалоци и производите од бело брашно. Освен тоа и слабото конзумирање вода придонесува за тоа.

Ова е идеалната исхрана за намалување на целулитот.

1 Ден

Чаша млака вода со половина лимон

Појадок : Каша од зоб+ цимет+ 1 лажица чиа семе

Ужина: 10 бадеми

Ручек : 130 гр. месо + 40 гр. интегрален ориз+200 гр. варен зеленчук по избор+1 лажица маслиново масло

Ужина: 100 гр. јагоди

Вечера: 80 гр туна+ салата од зелен зеленчук (спанаќ, рукола, кељ, марула) + 2 лажици маслиново масло

2 Ден

Чаша млака вода со половина лимон

Појадок : 2 варени јајца+интегрален тост+1 чајна лажица немасен намаз од сирење

Ужина: Протеинска плочка

Ручек: Вариво од зеленчук

Ужина: 100 гр јаболки

Вечера: 150 гр. ослич+ 250 гр. варен зеленчук + 1 лажица маслиново масло

3 Ден

Појадок: каша од зоб+ 1 лажица чиа семе+ 1 шака боровинки, капини, малини или јагоди

Ужина: 20 гр. бадеми

Ручек : 150 гр. пилешко+ салата+ 1 лажица маслиново масло

Ужина: 1 грејпфрут

Вечера: 150 гр. пилешко + 200 гр. варена брокула + 1 лажица маслиново масло

4 Ден

Чаша млака вода со половина лимон

Појадок: Омлет од 2 јајца+ 50 гр. авокадо

Ужина: 20 гр. лешници

Ручек : 200 гр. лосос+ порција блитва со млад компир+1 лажица маслиново масло

Ужина: 150 гр. јогурт

Вечера: посно сирење (200 гр.)+ 50 гр. јагоди

5 Ден

Чаша млака вода со половина лимон

Појадок : Смути (70 гр. авокадо+ 3 дл бадемово млеко+ 5 листа спанаќ+ 1 лажица цимет)

Ужина: 20 гр. лешници или бадеми

Ручек: 200 гр. туна+ млад компир+ 1 лажица маслиново

Ужина: Интегрален крекер+ 1 лажица путер од кикирики

Вечера: 130 гр. пилешко+ свеж зеленчук по желба+ 1 лажица маслиново масло

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top