Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација. Гледам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик.
Туск рече дека нема подобро место од Скопје за да ја заврши балканската турнеја.
– Многу работи се променија од 2015 година, кога доаѓав за да се сопре приливот на мигранти. Од тогаш балаканската рута е затворена и така треба да остане, рече Туск.
Искажа благодарност на Македонија за запирањето на мигрантската рута, но и за поддршката за случајот Скрипал.
– Застанавте до нас во случајот Солсбери и ние ќе застанеме до вас. ЕУ е најголема надеж за вашите траѓани, рече првиот човек на Европскиот совет.
Премиерот Заев, пак, кажа дека по ЕК, Македонија сака да ги убеди и земјите членки дека заслужува да добие датум и да ги почне преговорите за членство, а во тоа никогаш била поблиску.
– Продолжуваме со исто темпо, реформите ќе станат повидливи и поконкретни, рече Заев, најавувајќи го Планот 18, што се подготвува во соработка со ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст