Mеѓународниот Ден во спомен на катастрофата во нуклеарната централа „Чернобил“, која се случи пред 32 години, во 1986 година се одбележува низ целиот свет.
Експлозијата во нуклеарната електрана „Чернобил“ во Украина испрати радиоактивен облак низ големи делови на Советскиот Сојуз, денешни територии на Украина, Русија и Белорусија, при што на зрачење беа изложени околу 8,4 милиони луѓе.
Несреќата се случила при тестирање на безбедноста на реакторот во случај на прекин на електричната енергија.
Две лица загинаа во самата експлозија, а неколку десетици загинаа во следните денови, месеци и години од акутни последици од радијацијата и рак. Градот Припјат, кој се наоѓал во непосредна близина на Чернобил, денес е целосно напуштен.
Во 2016 година ОН го прогласија 26 април за меѓународен Ден за спомен на катастрофата во Чернобил, а во Русија и Белорусија има и национален ден на сеќавање.
извор: Makfax
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст