| четврток, 6 декември 2018 |

Оташевиќ го открил полот на детето кое го очекува со девојката Јелена!

Црногорскиот актер Момчило Оташевиќ (28) кого го гледаме во хит серијата „Чиста љубов“, за неколку месеци по прв пат ќе стане татко.

Тој со неговата избраничка, актерката Јелена Перчин (37) очекува дете,а сега одлучил да го открие полот.

Иако веќе две и пол години е во среќна врска со Јелена, Момчило до сега не сакал да говори за својот приватен живот.

Но, сега се премислил и кога дознал дека очекува принова, Оташевиќ изнел детали од емотивниот живот.

Популарната двојка неодамна дознала дека очекува девојче.

„Јелена и јас неодамна дознавме дека очекуваме ќерка, што многу не израдува“ потврдил глумецот за црногорските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top