| четврток, 6 декември 2018 |

Меланија слави роденден: Подарокот од Трамп ќе ве разочара

Меланија Трамп, првата дама на САД која уште од самата победа на Доналд на претседателските избори почна повеќе од него да ги полни медиумите, како со својата атрактивност и стил, така и со своето однесување и потези, го прослави 48-от роденден.

Запрашан што и купил на својата сопруга за 48-иот роденден, претседателот на САД, Доналд Трамп, призна дека „можеби не купил којзнае што“, додавајќи: „Знаете, јас сум многу зафатен“.

Во телефонското интервју за „Fox News“, тој рече дека и зел на својата сопруга „прекрасна картичка“ и цвеќе.

Меланија Трамп е исто така зафатена. Таа ја планираше државната вечера за францускиот претседател во вторникот. Минатиот викенд присуствуваше на погребот на поранешната американска прва дама Барбара Буш во Хјустон.

Неодамна двајцата со претседателот беа домаќини на јапонскиот премиер и неговата сопруга на имото во Флорида за дводневна посета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top