Владата нема да го гради карго аеродромот во Штип, а средствата што би се потрошиле за оваа намена ќе се потрошат за инфраструктурни објекти.
Ова го најави премиерот Зоран Заев денеска на собраниската седница посветена на пратенички прашања.
– Немаме намера да фрламе големи пари кои ќе останат бетон во полето и нема да се користат понатаму и затоа е донесена одлука тие пари да бидат насочени за најпотребни инфраструктурни објекти не само во Штип, туку низ цела Македонија, рече Заев.
Додаде дека од 45 милиони евра за карго аеродромот во Штип, повеќе од 30 милиони ќе одат на изградба на канализации, градинки и училишта, а дополнително од заштеди се обезбедени и 20 милиони за тоа.
Посочи дека врз основа на проектите изработени од локалните самоуправи ќе се одлучи кои проекти ќе се реализираат.
– Од таа причини карго аеродромот во Штип не е на мапата. Градоначалникот има аплицирано со голем број проекти. Штип е важен зошто е центар на источна Македонија. Болницата во Штип се гради во полн ек и паралелено се прави набавка на опрема. Исто така, се работи на брана и систем за прочистување на водата од Злетовица. Целиот источен регион ќе биде трајно обезбеден со вода за пиење, рече Заев и појасни дека завршена екрспропријација и дислокација на далноводот на трасата од автопатот Миладиновци – Штип.
Потенцира дека е важен Штип, како секој регион во Македонија и увери дека ќе се развива достоинствено не со споменици, туку со болници, градинки и инфраструктурни проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст