Овен
Завршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.
Бик
Не ви недостига прилика за забава, а позитивните настани на емотивен план ќе ве поттикнат да се соочите со внатрешните стравови. Денот е одличен за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативност.
Близнаци
Во се барате некој вид на статусен симбол, бидејќи премногу ви е важно она со што се занимавате да има адекватно признание. Добро би било да можете малку да се препуштите на животните радости и да се одморите. Сериозната врска која ја имате ќе започне да се распаѓа, ќе сфатите дека се било од интерес.
Рак
Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу ракови поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но сеуште е рано да правите пресметки.
Лав
Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.
Девица
Ќе се почуствувате празно и безволно. За среќа таквото расположение нема долго да трае. Односите со луѓето нема да бидат без проблеми и несмеете да се обесхрабрите од недоразбирањата кои ќе ги има доста и ќе ви изгледаат како непоправливи.
Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечите најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас особено оние слободните ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол.
Скорпија
Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа, бидејќи важните проблеми не ќе можете да ги решите сами. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер не сте доволно искрени.
Стрелец
Ќе уживате во излети и најразлични физички активности. Ќе бидете во форма бидејќи на задоволувачки начин ќе ги користите вашите способности, особено оние кои имаат врска со насобраната енергија. Ќе умеете да ги избегните сите препреки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер.
Јарец
Вашите чуства денеска пресудно ќе делуваат на работните односи или пак во врската со партнерот. Ќе бидете поканети на некој начин да настапите пред јавност. Дали ќе прифатите ќе зависи од вашето расположение. Многу ќе ви биде зголемен интересот во врска со прашањата за семејството, особено родителите или пак децата.
Водолија
Работите ви се одвиваат во добра насока. Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и воља да превземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поамбициозните работи поврзани со пари ќе имате успех.
Риби
Денот е успешен за остварување на сите видови на комуникација, вклучувајќи го и патувањето. Здраствените проблеми ќе ве вознемируваат наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и да добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст