На дневна основа сретнувам десетици луѓе кои ми приоѓаат на улица, дел од нив ми се претставуваат со име и презиме, со што лесно може да се констатира дека тие луѓе не се од македонска етничка припадност туку дека се од друга етничка припадност. Сите без исклучок имаат заеднички именител дека потешко никогаш не се живеело во државава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата Клик Плус на ТВ 21.
Тој потенцираше дека истите луѓе велат дека минатата година ова време живеле многу поубаво отколку оваа година. Додава дека со било кој дуќанџија да се седне и да се разговара без разлика дали е во бурекџилница, берберница, бакалница или маалска продавница истото го потврдуваат.
– Но тоа и не е така тешко да се забележи. Видете ги бројките. Бројките велат дека во првиот квартал од оваа година во прометот во земјава ДДВ кое го собрало УЈП е за 8 милиони евра помало од првиот квартал минатата година кога имавме техничка влада. Тоа значи дека луѓево трошат за 45 милиони евра помалку отколку лани за истиот период, вели Мицкоски.
Тој нагласи дека дури и да не им се верува на чувствата на тие луѓе кои што ќе ве сретнат по улица, доволно е да се видат извештаите од УЈП кои треба да ги види и премиерот и може да се заклучи дека луѓето имаат право кога кажуваат дека сега е полошо.
– Се наоѓате во една ситуација кога треба да понудите нешто што на овие луѓе ќе им го направи животот поквалитетен. Тоа е суштината на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст