| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Ќе коалицираме со албанската партија што ќе понуди проекти за посреќни граѓани

Ќе коалицираме со онаа албанска партија во која ќе имаме заедничка програма во интерес на сите граѓани која ќе понуди проекти кои ќе значат посреќни граѓани во Македонија. Има потенциал за соработка кај сите партии кој се идентификуваат како партии на Албанците во Република Македонија. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците е јасен и повторен стотици пати. Не го поддржуваме бидејќи законот е неуставен и неприменлив. Треба да се седне на маса за да се подобри квалитетот неговиот квалитет и да биде во интерес на сите граѓани на Република Македонија, изјави Христијан Мицковски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ за време гостувањето во ТВ 21.

Тој рече дека наместо постојано да се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со некоја албанска партија прашањето треба да се постави и на албанските партии дали имаат коалициски потенцијал со ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека досега партијата работела принципиелно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top