| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Ако излезе дека проектот Чебрен и Галиште не е исплатлив ќе се извини премиерот?

Читам по порталите дека за Чебрен и Галиште домашните банки имале обезбедено 220 милиони. Прво од каде знаеме дека толку ќе чини, кога немаме ниту проект? – изјави во емисијата „Клик плус“ на телевизијата 21 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој коментирајќ дека Министерството за економија и кабинетот на потпретседателот на Владата ќе формираат комисија во наредните 10 дена која во следните два месеци ќе излезе со план, како понатаму ќе се работи на проектот запраша:

-Ако излезе дека овој проект не е исплатлив? Ќе се извини премиерот?.

Вели дека опозицијата ќе продолжи да ја критикува Владата, но оти на тој начин нема да се реши проблемот околу Чебрен и Галиште.

-Многу е лесно да ветувате, тешко е да направите. Затоа пред да ветите треба три пати да помислите што сте ветила, затоа што ако немате капацитет тоа да го направите, барем најмалку што можете да направите за граѓаните и за македонската јавност е да им се извините и да се повлечете, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top