| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Козби виновен за сексуален напад – ќе добие ли над 15 години затвор?!

По помалку од два дена разгледување, жирито на Пенсилванија го прогласи актерот и комичар Бил Козби за виновен во врска со инцидентот за сексуална злоупотреба во 2004 година во неговиот дом во предградие на Филаделфија.

Козби (80) се соочува со можна максимална затворска казна од 15 до 30 години.

Пресудата ги оправда обвинувањата од десетици жени, кои јавно го обвинија Козби за сексуално малтретирање, вознемирување или обид за злоупотреба. Овој случај многумина го сфатија како пресвртница во движењето #И мене (MeToo) против сексуалниот напад.

Судењето по истите обвиненија минатото лето заврши со неуспешна пресуда од жирито.

Козби е осуден дека ја довлечкал и сексуално ја нападнал Андреа Констанд, поранешна кошаркарка, која имаше 30 години за време на наводниот инцидент. Козби рече дека тие имале согласна врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top