| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ со нови провокации кон Македонија

Нова стрела кон Македонија од шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. Македонците протестираат кога ги нарекуваме БЈРМ, но кога тие зборуваат за Република Косово нема никаков проблем, подвлече првиот потпретседател на Владата на Србија, говорејќи на конференцијата „Нови перспективи за Западен Балкан“.

-Македонија протестира кога ние го употребуваме изразот БЈРМ, а ние не протестираме кога тие зборуваат за Република Косово. Дајте малку да се спуштиме на земја. Не е белким дозволено само против Србија некој да работи. Србија не е вреќа за удари, без разлика од која земја да доаѓа ударот, изјави Дачиќ.

Осврнувајќи се на прашањето за разликата за името на Македонија меѓу Атина и Скопје, шефот на српската дипломатија уште еднаш нагласи дека „Европска унија ја предупредила Србија да не го користи името „Република Македонија“.

Неодамна, Дачиќ изјави дека Србија направила згрешила што ја признала Македонија под уставното име.
За време на посетата на Белград во текот на минатата недела, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров одби да одговори на провокативните изјави од неговиот српски колега и се обиде да ја спушти топката појаснувајќи дека освен минатото двете земји ги спојува и желбата за заедничка европска иднина, па подвлече „од нас зависи дали ќе има „пецкање“ и повремено „боцкање“ или ќе бидеме како браќа“.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top