| четврток, 6 декември 2018 |

Алаѓозовски „одговара“ на пратенички прашања од кафуле (фото)

Министерот за Култура Роберт Алаѓозовски не присуствува на денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што на дневен ред се пратеничките прашања до владата од пратениците.

Лидер објави фотографија од Алаѓозовски на која тој седи во кафуле. Според порталот наместо да оди на седницата и да одговара на пратеничките прашања, тој одлучил да си отиде на целодневно дружење со своите пријатели во кафеана.

Инаку, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, најави дека за време на паузите министрите ќе им бидат достапни на пратениците за неформални прашања и разговори. Но, Алаѓозовски воопшто не е во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top