Земјоделците да не очекуваат дополнителни средства за штетите од мразот, повеќе од предвидените десет отсто, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратенички прашања.
Според него, обезбедени се пет милиони евра или 300 милиони денари. Вирманите тргнаа во преспанскиот крај, а утре ќе прдолжат и во останатите региони. Парите се обезбедени и ќе им бидат исплатени на земјоделците. Буџетот е ликвиден поради што средствата ќе бидат пуштени веднаш.
– Дополнителни пари немаме планирано и проектирано како вид надеж за земјоделците кои претпреа штети од мразот. Кога би бил популист, би кажал знаете сите што. Но, не. Толку можеме, толку имаме сила и десет отсто ќе исплатиме. Од 50 милиони евра проценка до сто отсто, пет милиони евра обезбедивме, донесовме одлука на Влада, ги обезбедивме парите и парите тргнаа, истакна Заев.
За обезбедување на петте милиони евра, дополни премиерот, Владата направила екстра напор, дополнително стегање заби, зашто, како што рече, ќе им бидат од помош на земјоделците.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст