| четврток, 6 декември 2018 |

Чочек за почеток на собраниска седница

Со чочек и музика започна последната седница од месецов резервирана за пратенички прашања. Во духот на последните прослави кои се организираа за пуштање во употреба на автопатот Демир Капија-Смоквица, опозицијата им упати порака на владејачкото мнозинство да запрат со забавата и да започнат со работа. Првата седница на која опозицијата упати прашања до Владата започна тензично со меѓусебни дофрлања меѓу спикерот Џафери и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски .

Уште на стартот на седницата опозицијата го прозва премиерот Заев да одговори дали чувствува морална одговорност за изживувањето со чувствата на семејствата на жртвите од велигденскиот масакр кај Смилковци. Заев и натаму тврди дека обвинетиот во случајот „Монструм“, Фејзи Азири и функционерот на ДУИ Бејта разговарале за субвенции, а не како што првично им ветувал на родителите дека поседува докази кои ќе ја покажат вистината за убиството.

Министрите до крајот на денот треба да одговорат на 36 прашања, спремени од опозицијата и парламентарното мнозинство. Главните обвинувања упатени кон Владата се однесуваат на несработеното во делот на ветувањата дадени за справување со корупцијата и криминалот, неработата на административците, земјоделството, дивоградбите, но и за манипулациите со кавадаречки Фени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top