| четврток, 6 декември 2018 |

„Сестрата“ на Трамп од Галиција, жена од Шпанија неверојатно личи на претседателот на САД

Далеку од Белата куќа, преку океанот, во шпанската провинција Галиција, живее една обична жена која ги запали социјалните мрежи со својата неверојатна сличност со американскиот претседател Доналд Трамп.

еда дека Доналд Трамп има близначка – Шпанка во фустан со наметка.

Нејзината фотографија се рашири низ социјалните мрежи, а корисниците се чудат на неверојатната сличност со американскиот претседател.

Долорес е родена 1954 година, десетина години после Трамп. Очигледно е дека тие двајца не се роднини бидејќи таа живее во селото Нантон, во пространите галициски ливади.

Нејзината фотографија се појави на социјалните мрежи благодарејќи на новинарката Паола Васкез од весникот „Ла воз де Галиција“.

Новинарката ја посетила двојничката на Трамп за да разговара за нејзиниот живот на село, но приказната наскоро е согледана од неочекуван агол, бидејќи луѓето почнале да укажуваат на нејзината неверојатна сличност со американскиот претседател.
Долорес мирно реагира на неочекуваната слава.

„Мислам дека сето тоа е поради бојата на косата“ – изјавува таа.

За својата слава дознала од внуците, бидејќи не користи мобилен телефон. За разлика од американскиот претседател, кој постојано “твита“, Долорес не знае ништо за социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top