| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓе, дрвата не се евтини, вие сте измамени!

Три случаи во кои жители од неколку населби во главниот град се измамени на ист начин, се пријавени во полицијата во рок од само 10 дена. Измамниците, според информациите од дневните билтени на МВР, целат кон повозрасни граѓани на кои им нудат дрва за огрев по ниски цени, а кога тие заради примамливата цена ќе се заинтересираат да купат, ги праќаат на одредено место за да ги видат огревните дрва.

Кога домаќинот ќе тргне да ги види дрвата, кои не постојат, тука измамниците го користат моментот, се враќаат во куќата каде им ги понудиле дрвата, лажејќи ја сопругата дека домаќинот ги пратил за таа да им даде пари. На овој начин настрадале најмалку тројца лица од Скопје кои биле измамени на ист начин.

Според билтените на МВР, првиот кој настрадал, од оваа „шема“, а ја пријавил кај надлежните е 69-годишниот Т.Г. (69) од Скопје на кој преку оваа измама му земале 13 800 денари на 16. месецов.

Скопјанец измамен: Го оставиле да чека за да види дрва за огрев, отишле кај жена му и ги наплатиле

Потоа, само два дена подоцна на истиот начин бил измамен и В.Б. (73) од Скопје на кој му биле украдени 12 000 денари, за вчера на истата „шема“ да наседне и 74-годишниот В.А.

Втора измама за 3 дена: Му понудил дрва, го пратил да ги види, ги наплатил од жена му и избегал

Вчера тој во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека истиот ден околу 14,30 часот на улицата “Мечкин Камен“, од страна на непознато лице му била извршена измама при што бил оштетен за 200 евра и 1.000 денари.

Имено измамата била извршена на тој начин што додека оштетениот седел во дворот од куќата заедно со неговата сопруга, влегло лицето и го прашало дали сакал да купи огревни дрва по цена за 2.200 денари за кубик, а пријавителот се сложил да купи шест метри кубни огревни дрва. Истите се договориле дрвата В.А. да ги земе од с. Сарај по што заедно се упатиле пеш кон с. Сарај.

Кога стигнале на улицата “Ѓорче Петров“ лицето му рекло да продолжи кон с. Сарај и да го чека на мостот, а тој ќе пристигнел. Лицето се вратило во домот на пријавителот и и’ кажал на неговата сопруга дека нејзиниот сопруг го испратил по парите, а таа му ги дала по што тој го напуштил местото на настанот. Истата телефонски го известила Б.А. дека му ги дала парите на лицето по што сватиле дека биле измамени. Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 13,300 денари, информира МВР во дневниот билтен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top