| четврток, 6 декември 2018 |

Џепчија „оперирал“ на авотбуска во Чаир, полицијата го фатила на дело

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Н.И. (49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „кражба“ (џепна).

Во понеделникот околу 14.00 часот на автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ пријавениот го искористил невниманието на оштетената, ја отворил нејзината чанта и одзел еден мобилен телефон.

Пријавениот бил забележан од полициски службеници и не му било дозволено да го напушти местото. Тој бил приведен и задржан во Полициската станица Бит Пазар.

Во разговор со полициските службеници тој го признал делото. Со потврда за привремено одземени предмети му бил одземен мобилниот телефон и бил вратен на оштетената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top