| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил удри осум годишно дете

На улицата “Христо Татарчев“ вчера попладне автомобил “Форд Фокус“ од Скопје удри во дете-пешак на возраст од осум години. Од незгодата со повреди се здобило детето кое со друго возило било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top