| четврток, 6 декември 2018 |

Милчин: Чекаме новата влада да ни каже што направила

Режисерот и поранешниот прв човек на Фондацијата Отворено општество Македонија, професор Владимир Милчин во вчерашното гостување на ТВ Алфа во емисијата „60 минути“ истакна дека политиките и одлуките кои што ги носи Владата на СДСМ и Заев не се доволно изложени на критики.

Како што кажа, тој се борел за плурализам на медиумите, но за жал тие и понатаму не се слободни.

– Добив еднa официјална реакција, официјално соопштение од владата каде што беше објавено на Канал 5, дека мојата критика била недобронамерна, дека тоа било критизерство итн и тоа беше по повод во едно интервју каде што зборував за генералниот секретар Рашковски. И таму имаше едни фалшиви документи дека тој добивал надомест од приватни пари, заборавајќи дека во таа фирма има висок процент на државен капитал, истакна Милчин.

Милчин додаде дека Заев ветувал нов почеток, но сега од позиција на премиер се враќал во минатото. Според Милчин ваквото однесување на Заев и постојаното свое оправдување за неработењето не може и не смее да биде дежурно алиби.

– Ние мораме да разговараме што направила новата влада, горе доле знаеме што направиле ВМРО-ДПМНЕ. Чекаме новата влада да ни каже што направила, новите локални самоуправи, новите градоначалници итн. Ќе помине година дена, градоначалниците на есен ќе се направи некаков пресек, некои резултати ќе мора да се проценат колку тежат. Да, ги имаме проблем тешкотиите, финансиските проблеми, но се плашам дека и оние нешта кои што можеа да се направат без пари, дека не се прават, потенцираше Милчин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top