| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски до Џафери: Што да прашаме кога половина Влада ја нема во Собранието

Денешната седница за пратенички прашања во Собранеито на Република Македонија започна со чочек, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев ги потсети министрите од Владата дека и високата претставничка на Европската комисија Феерика Могерини им рекла дека треба само пола ден да слават и време е да почнат да работат.

По излагање на Данев процедурално збор побара поранешниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, но Џафери не му дозволи да земе збор, бидејќи веќе не е координатор и според Деловникот нема право на процедурално. По мала расправија, Џафери му дозволи на Димовски да зборува.

Собранието го направивте нотар на Владата и барам да ги објавите сите поставени, но неодговорени пратенички прашања. Изгледа се плашите да ги поставите овие прашања. Наместо да ѝ се додворувате на Владата треба да ги браните интересите на пратениците и да барате транспарентност и сериозност од страна на министрите. Токму затоа барам на сајтот на Собранието да ги објавите сите писмено поставени прашања кои немаат одоговор од страна на надлежните министри, побара Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ откако неколку пратеници се пожалија дека со месеци чекаат одговори за писмените прашања кои ги поставиле.

На тоа, Џафери одговори: „Јас не познавам поим страв. Вие добро ме познавате, посебно ВМРО-ДПМНЕ, јас не познавам страв во моите надлежности, нема што да се плашам. И кажи ми според кој член од Деловникот имам право да побарам да се стават неодговорените прашања на веб“.

Димовски исто така додаде дека Талат Џафери сериозно да ја третира седницата за поставување на пратенички прашања и во иднина да побара присуство на владините преставници на седницата бидејќи на денешната седница пола министри не присуствувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top