Денеска, четврток, 26 април, во 12 часот ќе се одржи промоција на три книги од авторот д-р Бранко Милошевски. Промоцијата ќе се одржи во „Матица Ексклузив“.
Станува збор за промоција на поетските книги „Моето време“ и „Кокоружа“, како и романот „Жива слика“, објавен со поддршка од Министерството за култура, во рамки на годишната програма за остварување национален интерес во културата за 2017 година.
Д-р Бранко Милошевски е вработен во Министерство за здравство, каде во изминатиот период извршувал повеќе одговорни функции, меѓу кои и помошник на министерот за здравство од областа на стоматолошката здравствена заштита. Тој е роден на 24 април 1953 година во Скопје, а студиите на Медицински факултет, отсек стоматологија ги завршува во Скопје, каде исто така специјализира во областа на стоматолошка протетика. Тој е докажан експерт во својата област, кој континуирано се надградува и се стекнува со звање примариус.
Книжевната и уметничката дарба, праисконски ја носи од своето раѓање, во совршен книжевен и уметнички дух, ги отелотвори и им ги подари на читателите трите книжевни достигнувања, кои утре ќе бидат промовирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст