| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Мицов, балетски танчер е автор на македонската порака за Светскиот ден на танцот

Балетскиот танчер Марко Мицов автор на македонската порака за Меѓународниот ден на танцот.

-Танцот дава смисла на животот, дава неисцрпна енергија, дава мотив за создавање нови дела кои причинуваат непроценливо задоволство. Танцоте мој сон кој вечно ќе го сонувам. Тој е извор на енергија и задоволство, тој е наш вечен пријател. На овој голем ден, на овој јубилеј, сакам да порачам дека танцот е непроценливо богатство на човештвото. Танцот не зближува и им припаѓа на сите луѓе во светот подеднакво. Ние танчерите и сите други да го правиме танцот стил на живеење, светски гласник на мирот, гласник на еднакви можности и еднаквост за сите во сите делови на земјината топка. Како танчер имам желба оваа порака да стаса до народот на Сирија, вели меѓу другото во пораката Мицов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top