Работна вечера имаа синоќа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Виена, по заедничката средба со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц. Со вечерата, шефовите на двете дипломатии ги завршија вчерашните разговори во австриската престолнина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми, коментираат дека средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц, била корисна и позитивна, но не донела конкретен напредок во „спорните прашања“.
– Иако климата е многу позитивна, јасно е дека за да постои деблокада на актуелната ситуација, власта во ПЈРМ ќе треба да донесат сериозни одлуки за спорните прашања кои во фокусот го имаат ерга омнес. Се чини дека за раководството во соседната земја, употребата на новото име во внатрешноста е особено тешка работа, како и ревизијата на Уставот. Сепак, постои напредок во поединечни прашања што се однесуваат на конкретната тема, пишува „Катимерини“.
Според грчки дипломатски извори, средбата со Нимиц, што траеше околу четири часа беше уште една средба, корисна како и останатите, во рамките на процесот. Процесот, споменуваат изворите, ќе продолжи во следните седмици, објавува атинското радио „Атина 984“ и додава дека во суштина за време на вчерашните разговори не бил направен напредок, „бидејќи двете страни се чини дека останаа на нивните познати позиции“.
Официјална Атина, судејќи според вчерашната изјава на портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, очекува од Македонија да направи отстапки, а останува на ставот дека новото име треба да биде ерга омнес и за внатрешна употреба. На редовниот брифинг со новинарите и странските дописници, Ѕанакопулос во одговор на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на средбата во Виени, рече дека во рамките на преговорите, „грчката страна ги има направено нејзините отстапки, има стигнато до средината на мостот и во овој момент, време и за поранешната југословенска Република Македонија да ги направи неопходните чекори за да стигнеме до заемно прифатен договор“.
Двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, како што веќе објави МИА, ќе се сретнат веќе следната седмица на 3 и 4 мај, во рамките на квадрилатералната средба во Солун, а седум дена подоцна и на конференцијата во Сунио, на 11 и 12 мај.
Прашањето за името и текот на преговорите, се очекува денеска да се најде на агендата разговори во Брисел и Атина. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во седиштетот на НАТО ќе се сретне со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, додека пак грчкиот премиер ќе го прими претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. И на двете средби, меѓу другите теми, веројатно е дека ќе бидат и македонско – грчките односи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст